Бекот на Оклахома тандер, Расел Вестбрук, одигра фантастичен меч и со 37 поени го предводеше тимот до убедлива победа од 122-105 против Лос Анџелес лејкерс. Тоа беше единствената победа на домашната екипа во ноќешната програма од три натпревари во НБА.
Бостон Селтикс славеше против Филаделфија со 109-101, додека Денвер Нагетс лесно го надигра Сакраменто со 120-113.
Во триумфот против Лејкерс, Вестбрук ги воодушеви сите, па дури и противничките кошаркари, што по натпреварот беше потенцирано и од Коби Брајант. Претставата на олстар-кошаркарот на Тандерс беше импресивна, а тој постигна 37 поени, имаше 10 скока и 5 асистенции. Кевин Дурант му беше одлична поддршка на Вестбрук, со 26 поени, 9 скока и пет асистенции.
Лејкерс ги предводеше Брајант со 30 поени, а по мечот лидерот на „езерџиите“ го пофали Вестбрук.
Бостон, предводен од Ејвери Бредли со 22 поени и од дуото Пирс-Гарнет со по 18 поени, ја доби битката со Филаделфија на гостински терен. Победа оствари и Денвер над Сакраменто. На тој дуел, Маркус Торнтон со 32 поени беше најефикасен, но неговиот Сакраменто загуби убедливо, со 19 поени разлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.