
ЗОО-фест во скопската Зоолошка градина продолжува и во следните две саботи, од 12 часот.
Детскиот ЗОО-фест е креативен концепт кој во себе вклучува пеење, забава, но и многу едукација. Двочасовната забава во импровизираната џунгла вклучува учење модерни танци, концерт на децата ѕвезди од „Поточиња” и едукативно катче каде што се откриваат таленти и се учат интересни факти за животните.

Дополнително, сите деца ќе имаат можност да присуствуваат на демочас по англиски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


