| четврток, 6 декември 2018 |

Џенова блокирана од поплава, денеска се очекува нов бран поплави

Во поплавите што синоќа ја погодија Џенова, кога по големото невреме се излеаја три реки, едно лице загина, а градот е блокиран, пренесуваат италијанските медиуми.

Низ улиците на Џенова пловат купишта ѓубре, делови од тој град со 600.000 жители се без струја, а властите одредија училиштата и продавниците да останат затворени, пренесува агенцијата „Анса“.

Надлежните служби најавија дека во текот на попладнево се очекува нов бран поплави бидејќи повторно паѓа силен дожд. Од цивилната заштита ги повикаа жителите да не излегуваат од дома, освен ако не е неопходно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top