| четврток, 6 декември 2018 |

Исламската држава не може да се порази со воздушни напади, а Турција не сака сама против џихадистите

Додека траат борбите за градот Кобани, сѐ повеќе станува јасно дека Исламската држава не е можно да се порази само со воздушни напади. Најголеми губитници на комбинаториките на највиското ниво во овој момент се Курдите. Џихадистите користат повеќе од една третина на Кобани, а жестоки борби се водат и денес, соопшти сириската опозициска организација за човекови права со седиште во Велика Британија.

– Сите источни делови, помали делови на североисток и во подрачјето на југоисток на Кобани ги контролираат екстремисти на Исламската држава – рече шефот на организацијата Рами Абдулрахман, пренесува „Ројтерс“.

Меѓународната коалиција предводена од САД утрово изведе два удари од воздух на позициите на џихадистите во Кобани. Со евентуално заземање на овој град, џихадистите би презеле потполна контрола над долгиот потег на сириско-турската граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top