Во рамки на Светската недела на детето денеска група деца и вработени од детската градинка „Раде Јовчевски- Корчагин“ го посетија Собранието на Република Македонија и остварија средба со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Вељаноски, како што соопшти неговиот Кабинет, ја доби традиционалната марка за одбележување на детската недела, а ги слушна и правата на децата и нивните обврски кои произлегуваат од овие права.
Тој нагласи дека младите се најголемото богатство и оти е потребно да бидат посветени на учењето и знаењето и да пораснат во наследници кои ќе ја водат државата во иднина.
Детската недела се одбележува во светски рамки, секоја година во првата полна недела во октомври.
Фото: И. Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







