
ВМРО-НП ги советува социјалдемократите да се откажат од барањето за техничка Влада. Партијата на Љубчо Георгиевски му редлага на Заев наместо техничка влада да бара смена на неколку функционери во власта на три месеци пред изборите.
„ВМРО-Народна партија смета дека нашиот предлог три месеци пред денот на изборите актуелните министри за внатрешни работи, за правда и за финансии и директорите на Управата за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност, да се заменат со експерти кои не се членови на политички партии, со мандат до завршување на изборите. Ова решение би важело пред секои парламентарни избори. ВМРО-Народна партија смета дека ова е идеална позиција и за двете страни и добра основа за започнување на дијалог што ќе значи излез од сегашниот политички ќорсокак“, стои во соопштението на ВМРО-НП.
Љубчо Георгиевски уште од пред последните избори не е дел од коалицијата на СДСМ. Сепак во политичките кругови нема дилеми дека тој и натаму е близок соработник на СДСМ и Зоран Заев, факт поради кој целосно ја изгуби поддршката од денсичарски определеното гласачко тело. Оттука, експертите се сомневаат дека овој став на ВМРО-НП е обид на Заев да пушти пробен балон во јавноста, како првиот чекор од ретерирањето од барањето за техничка Влада.
Во владејчаката партија во повеќе наврати јавно го кажаа својот став дека барањето за техничка влада во услови кога граѓаните дадоа огромна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ е тотално неприфатливо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Георгиевски: Името Македонија повеќе ја загрозува Бугарија отколку било која географска додавка
-
Бугарите го нападнаа Љубчо: Не барај „војводо“ прошка од Грците за она што им го даде додека беше на власт
-
Љубчо Георгиевски со остра реакција кон Стојан Андов: Името ВМРО го ставивме поради таквите како тебе!
-
Љубчо Георгиевски за случајот „Смилковско езеро“: СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот


