Меѓународниот маратон на интернет „Каренина во живо“, на кој руски културни творци, спортисти и политичари читаа делови од романот на Лав Толстој „Ана Каренина“, помина успешно, пренесува ИТАР-ТАСС.
Во 36-часовното емитување на „Јутуб“ имало три милиона вклучувања од цел свет. Сите што сакале да учествуваат во акцијата се пријавувале и од илјадници кандидати биле избрани 725 души, на кои им била доверена улогата на читачи.
За време на дводневниот маратон, кој почнал на 3 октомври, за пр пат во историјата повеќе од 700 луѓе од различни држави без прекин го читале познатото дело на Толстој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



