| четврток, 6 декември 2018 |

Ен Хатавеј: Ми велеа дека не сум секси

en hatavejОскаровката Ен Хатавеј е порасната пред камерите, но сега се одважи и се покажа во едно поинакво светло.

По мала пауза од големото платно за да се посвети на својот брак, триесетгодишната Ен Хатавеј ја краси насловната страница на магазинот „Харперс базар“.

Се покажа себеси малку поинаква и провокативна и истакна дека често била критикувана поради својот изглед.

– Ми велеа дека не сум секси и дека не можам да ги глумам сите улоги, но јас можам и повеќе од тоа. Само затоа што не се облекувам провокативно, не значи дека не можам да бидам секси во некоја улога. Па, јас сум актерка – изјави Хатавеј, која во новиот филмски спектакл „Меѓу ѕвездите“ игра заедно со својот колега Метју Меконахи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top