Езерото Монтана, кое се наоѓа во националниот парк Глечер во Монтана, ги одушевува сите што го посетиле. Националниот парк Глечер го добил името по глечерите кои се формирани во ледена доба. Се наоѓа во северозападниот дел на Монтана, крај канадската граница.
Освен што е најразнобојно езеро, тоа е и најголемо во овој национален парк. Се наоѓа на 960 метри надморска височина, а покрива површина од 6.800 хектари. Ова езеро често го нарекуваат кралица на континенталниот екосистем.
Тоа што ќе ве остави без здив се разнобојните камења кои му даваат посебен сјај. Опкружен со ледени планини и зеленило дава прекрасна слика која никого не остава рамнодушен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасено момче кое се давело во Охридско езеро
-
Се повлекла водата од езерото се појавиле стотици скелети: Откриена е мистерија стара 2.000 години
-
Во текот на летото внимавајте на ова: Го пуштиле детето во езеро, по неколку часа починало во големи маки
-
Риболовецот Марко на заледено езеро ја спасил оваа срна од сигурна смрт