Здравствениот систем во Република Македонија е максимално подготвен да пречека околу 1.000 државјани на Македонија, кои изминатите 20 дена престојуваа на аџилак во Саудиска Арабија, а од утре во следните 7-10 дена по сувоземен и по воздушен пат почнуваат да се враќаат во државата поради можноста за внес во земјата на некои заболувања, меѓу кои се колера, маларија, ебола и респираторна болест, кои се појавија на Арапскиот Полуостров. Се засилуваат мерките на влезните точки во државата. Активностите се спроведуваат почнувајќи од влезните точки во државата до крајниот синџир на завршување на здравствениот надзор на тие лица.
Ова денеска го изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Ѕвонко Миленковиќ, кој рече дека системот веќе неколку месеци наназад активно се подготвува, а лицата што патуваат во целост биле информирани за начините за заштита од акутни инфективни заболувања и им биле поделени летоци за начинот на постапување во различни ситуации.
По состанокот на Комисијата, тој укажа на посебната едукација на лекарските тимови, кои биле упатени заедно со тие патници и добиле одредени инструкции за постапување и организирано пристапување, односно проективен контакт со лицата што заминале на аџилак.
Тоа што го направивме како новина, посочи Миленковиќ, беше можноста за директен контакт пред враќањето на тие лица во земјата, а здравствените институции да бидат запознаени со нивната здравствената состојба во текот на нивниот престој во Саудиска Арабија, во текот на патувањето и, особено, по враќањето во Македонија.
– На состанокот фокус на нашиот интерес беше точно трасирање на моментот на враќање на нашите граѓани во Македонија, следење на нивната здравствената состојба, директен контакт со сите што се враќаат во земјата. Задолжителна активност што се планира почнувајќи од утре, па сè до враќањето на сите граѓани, се 24-часовни дежурства од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и на центрите за јавно здравје и други структури – истакна Миленковиќ.
Нагласи дека е посветено посебно внимание на точно определување на местата за изолација на евентуално заболените лица, како и на сите постапки од нивниот транспорт до местото на нивна хоспитализација и натамошен третман.
– Секој што се враќа во Македонија е предмет на здравствен надзор, кој се однесува на ебола и на респираторно заболување присутно во областа каде што тие лица престојувале. Добиваат податоци на кои симптоми во кој временски период (максималните 21 ден) ќе треба да посветат внимание – додаде Миленковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто