Ново лудило го зафати Холивуд, станува збор за предизвикот „повик за будење“. Откако ледениот предизвик замина во историјата, сега познатите се фотографираат наутро веднаш штом ќе ги отворат очите и таа фотографија ја објавуваат на друштвените мрежи, сето тоа со хаштаг „#WakeUpCall“.
Секако, овој пат имаат обврска да донираат финансиски средства за децата во Сирија и да предизвикаат тројца свои колеги.
Засега се одзваа неколку славни, меѓу кои и Стивен Фрај, Том Хидлстон, Наоми Кемпбел и Хју Грант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.