Напуштено мртво тело на човек починат од опасниот вирус ебола лежи на земја среде главната сообраќајница во Фритаун, главниот град на Сиера Леоне. Телото е покриено со лисја, а десет минувачи збунето поминуваат покрај него и самите несигурни што да прават.
До оваа мрачна и неверојатно шокантна ситуација дошло поради штрајкот на гробарите, откако тамошната влада не им го исплатила ветеното зголемување на платата, кое го побарале поради здравствените ризици при отстранувањето и закопувањето на жртвите од смртоносниот вирус.
На екипите секоја недела требаше да им се исплаќа додаток на платата во износ од стотина американски долари, а бидејќи тоа не било направено, решиле да штрајкуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец, Грк и двајца Хрвати настрадаа во жестокиот судир на „Гробарите“ (видео)
-
Причината за хаосот на „вечното“ дерби: Обид за пуч кај „Гробарите“, фракција сакала да ја преземе јужната трибина
-
Двојна круна за Партизан, Црвена звезда на колена и во финалето на Купот на Србија (видео)
-
Жестока тепачка на навивачки табори во Белград (видео)