| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Анистон пред брак

анистон

Актерите Џенифер Анистон и Џастин Терокс се свршени веќе две години, а се чини дека сега се подготвени за следниот чекор.

анистон 2

Странските медиуми пишуваат дека двојката ќе се венча на популарното место Кабо Сан Лукас во Мексико. Сите претпоставуваат дека за таа одлука се инспирирале од неодамнешната венчавка на Анџелина Џоли и Бред Пит, поранешниот сопруг на славната актерка, која срцето на обожавателите го освои со улогата во серијата „Пријатели“.

анистон 3

Џастин ја запроси Џенифер во 2012 година на нејзиниот 41. роденден. Се чини дека ќе мора уште малку да почекаме за службена потврда, но, сепак, едно е сигурно, нејзината венчавка се очекува со нетрпение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top