
Во голем дел од источна Украина, битките замолкнаа како резултат на едномесечното примирје, но на аеродромот покрај Донецк тие продолжуваат со несмалена жестина и се претвораат во блескав симбол за западната интеграција на земјата во скршеното огледало на перспективите на нејзината иднина.
Новиот терминал, кои европеките фудбалски фанови го користеа во 2012 година за да стигнат до некои од натпреварите каде што Украина беше домаќин, сега се направени решето затоа што е тоа стратегиска цел за силите на прозападната влада во Киев и за бунтовниците, кои ја влечат поранешната советска република назад кон орбитата на Москва.
Аеродромот се наоѓа на десет километри од центарот на градот. За украинската армија, која го презема аеродромот од бунтовниците по жестоките битки на крајот на мај, тоа е најблиската позиција до Доњецк – главниот центар и утврдување на сепаратистите каде во април бунтовниците прогласија „народна република“.
Сепаратистите стравуваат дека војските на Киев може да го искористат објектот како отскочна штица кон Донецк. „Аеродромот, практично, се наоѓа во преградието“, рече за „Ројтерс“ заменик-министерот на одбрана на донецката народна република, Едуард Басулин.
– Нашата главна цел е да ја истуркаме што е можно подалеку линијата од која тие нема да можат да стерлаат кон нас, така што повеќе нема да можат да целат на градот. Тие се многу блиску – рече Басулин, чијашто камуфлажна униформа е украсена со мала сребрена значка на која е ликот на советскиот диктатор Јозеф Сталин.
Обратна геополитичка симболика беше прикажана кога Украина беше домаќин на Европското фудбалско првенство во 2012 година, заедно со Полска, која е членка на ЕУ – друга поранешна комунистичка држава што сега е членка и на НАТО.
Всушност, две години подоцна стремежите на Киев кон западот доведоа до тоа Москва да го заземе Крим во март и да ги подржи сепаратичките барања во источна Украина, каде што во април избувнаа немири.
Оттогаш загинаа повеќе од 3,500 луѓе, а разурнувањата нанесени врз терминалот и контролната кула на аеродромот од масивните стрелби, се поразителен симбол за распадот на земјата и за нејзините препсективи за поблиски врски со западна Европа.
Тешко оружје
Проруските сепаратисти сега контролираат големи делови од донецката област, како и реоното на Луганск – град во источна Украина каде што беше прогласена уште една „народна република“.
Линијата на фронтот незначително се премести со прекинот на огнот на почеткот на септември, и покрај тоа што бунтовниците освоиле уште малку територии во југоисточниот дел на Украина и го свртија погледот кон аеродромот во Донецк.
Украинското сино-жолто национално знаме сѐ уште се вее на контролната кула на аеродромот, каде што повеќето прозорци се испокршени, а воениот портпарол Андриј Лисенко изјави дека пистата е употреблива. Бунтовниците, пак, велат дека асфалтот на пистата е сериозно оштетен и по неа не можат да забрзуваат тешки авиони.
– Пистата во Донецк е во задоволителна состојба и може да прима тешки авиони, кои можат да доставуваат оружје и тешко оружје – изјави Лисенко во понеделникот, по што бунтовниците објавија дека поголемиот дел од аеродромот е под нивна контрола.
Украинските војски ја држат зградата на стариот помал терминал на аердоромот, чиишто стабилни подземни темели претставуваат доволно сигурно прибежиште од масивна стрелба. Во украиски раце е и воениот објект поставен веднаш до аеродромот.
Во реонот околу аеродромот секој ден има престрелки и избувнуваат оружени препукувања, а армијата вели дека нејзините позиции се подложени на напади од бунтовниците во градовите кон руската граница, како што се Дебалцеве и Шчастија, кои се наоѓаат на североисток од Доњнецк.
Во понеделникот по силната стрелба, која како што изгледа беше одговор од страна на армијата, достигна до резиденцијалниот реон блиску до аеродромот, од каде што бунтовниците неколку дена стрелаа по украинските позиции. На земјата во близина лежеше тело на еден локален жител завиткано во килим.
Не е „прашање на часови“

Враќањето на аеродромот во текот на мај, кој е именуван по композиторот Сергеј Прокофјев, кој е роден во Донецк, и модернизирано со терминал од стакло и бетон за фудбалскиот турнир, на почетокот беше забележителен триумф за претседателот Петро Порошенко.
Дента кога тој беше избран на местото на прорускиот претседател, кој беше протеран преку протести во текот на февруари, Украина почна воздушни и падобрански напад за да си го поврати аеродромот од бунтовниците, кои го држеа под блокада. По битката, градската мртвовечница се наполнила со тела на бунтовнички борци.
Потоа, Порошенко одби какви било преговори со „терористите“ и рече дека при една сериозна воена операција задушувањето на бунтот би требало да е „парашање на часови“.
Но досега ниту една од страните не успеала да воспостави целосна контрола врз реонот, а повеќе од четири месеци подоцна, и покрај прекинот на огнот, кој доведе до намалувањето на борбите на многу места во источна Украина, на аеродромот во Донецк нема никаков или речиси никаков мир.
И Украина и сепаратистите велат дека се придржуваат до договорот за прекин на огнот и само возвраќаат на огнот за да се заштитат ако бидат нападнати.
И двете страни заемно се обвинуваат за користење ракетни системи за распалување оган, тешка артилерија и тенкови, во и околу периметарот на аеродромот, каде што беа убиени стотици војници од двете завојувани страни.
Басулин рече дека помалку од 200 сепаратисти загинале во битките за аерподромот, вклучувајќи и над 50 борци на крајот на мај во порвиот ден од жестоките напади.
Телата на некои од нив биле изнесени да бидат погребани во Русија, со што се потхранија обвиненијата од страна на владата во Киев и нејзните западни подржувачи дека Москва им доставува на сепаратистите на исток помош, и дека ги вооружува бунтовниците и им праќа поддршка од руските војски.
Москва рече дека Киев се однесува лошо кон населението од руското говорно подрачје во регионот, но жестоко негира дека учествува во конфликтот за кој нема знаци дека наскоро ќе прекине.
Бунтовниците во Донецк го напаѓаат аеродромот од предградијата на Донецк, вклучително и од станбените блокови и некои куќи што се многу оштетени од вкрстен оган, а многу жители – но не и сите – се одамна заминати.
(Извор: Ројтерс)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


