| четврток, 6 декември 2018 |

Украинската војска ќе добие од САД опрема вредна над 26 милиони долари

Државната гранична служба на Украина ќе добие од САД опрема и мобилна техника за гранична контрола во вкупна вредност од над 26 милиони долари за различни проекти.

ukrainska vojska

Реализацијата на проектите денеска беше разгледана на средба меѓу американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд и раководителите на украинската гранична војска. На средбата биле презентирани техничките средства и опремата, кои се веќе испратени од Вашингтон.

Украинските граничари делумно добиле товарни возила, приколки, цистерни, минибуси, кранови, трактори и друго во вредност од три милиони долари. Продолжува процесот за купување на средства за лична заштита, оклопни возила за патролирање и инженерска техника во износ од 12 милиони долари.

Во рамки на соработката со Стејт департментот се планира купување на специјална униформа и средства за гранична контрола во вредност од 1,4 милиони долари, а до крајот на годинава на Украина ќе и бидат доставени 36 оклопни возила и друга техника за 10 милиони долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top