| четврток, 6 декември 2018 |

Судењето за „Ровер“ одложено, на еден од обвинетите му се слоши

sudРочиштето за случајот „Ровер“ што денеска се одржуваше во Основниот суд Скопје 1 беше одложено поради влошената здравствена состојба на шестообвинетиот во случајот, Ивица Ристиќ.

Ристиќ се пожали на влошено здравје, по што на барање на судијата во судницата дојде Итна помош. Лекарите му дадоа инфузија на обвинетиот на самото место, а потоа судијата донесе одлука да се одложи судењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top