| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Турција против ИД, најмалку 14 загинати

Најмалку 14 лица загинаа во протести низ Турција, организирани поради одбивањето на властите да спроведат воена акција против џихадистите на групата Исламска држава и заземањето на делови од курдскиот стратешки град во Сирија, Кобане.

Protests against shooting of Michael Brown continue

Во протестите одржани во повеќе градови, вклучително и во југоисточниот дел на земјата со мнозинско курдско население, се повредени десетина лица.

Во Истанбул и најмалку шест други градови низ Турција дошло до судири меѓу полицијата и демонстрантите, што протестираа поради напредувањето на џихадистите од ИД.

Демонстрантите во текот на изминатата ноќ поставија барикади во неколку населби на Истанбул и фрлаа со камења и гасни бомби врз полицијата. Полицијата употреби солзавец и водени топови за растурање на протестоте во градовите со претежно курдско население Дијарбакир, Батман, Ван, Сирнак и Хакари.

Џихадистите од ИД во понеделникот заземаа три населби во сирискиот град Кобане, на границата со Турција.

Над 2.000 сириски Курди, меѓу кои жени и деца, се евакуирани од Кобане, додека борците на ИД напредуваат кон центарот на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top