Почина венецуелскиот претседател Хуго Чавез на педесет и осумгодишна возраст. Веста ја соопшти потпретседателот Николас Мадуро. Во телевизиското обраќање до нацијата тој кажа дека Чавез починал попладнево, дваесетина минути по 16 часот.
Чавез боледуваше од рак. По 14 години заврши неговото социјалистичко владеење.
Неколку часа пред објавата за неговата смрт, одржан е и вонреден состанок на државниот врв на кој е речено дека Чавез е најверојатно отруен. На вонредниот состанок на лидерите на државата Венецуела, Мадуро изјави дека Хуго Чавез е отруен исто како Јасер Арафат и дека земјата е под обид за саботажа. Мадуро, меѓу другото, обвини дека претседателот е отруен и дека и ракот, кој му беше дијагностициран во 2009 година, всушност, е резултат на напад врз него. Тој се сомнева дека постои и заговор во армијата. Истакна дека во овој критичен момент битно е војската да остане лојална на националната влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.