Ирачките специјални служби дојдоа до манифестот на Исламската држава по нападот на базата на еден од водачите на таа терористичка организација. Стручњаците веруваат дека документот е автентичен и дека негов автор е Абдула Ахмет ал-Мешедани, еден од водачите на група милитанти.
Според бизарниот попис 70-ттина предлози за акции, Исламската држава планира етничко чистење на муслиманите шиити на подрачјето на Калифатот, а имаат и страшни планови за набавка на нуклеарно оружје.
Исламската држава планира да им понуди на Русите пристап до полињата со плин кои се под нивна контрола во Ирак, а за возврат очекуваат дека Русија ќе го напушти Иран и неговата нуклеарна програма и ќе им ги предаде на ИСИС заедно со своите тајни.
Во документот стои и план за одземање на моќта на Иран, уништување на моќната индустрија на кавијар во Иран, пропаѓање на индустријата за килими итн.
Западните воени стручњаци веќе подолго време се свесни за амбициите на исламската држава за стекнување со нуклеарно оружје. Спред минустерката за внатрепни работи на Велика Британија, Тереза Меј, ИСИС доколку успее да ја консолидира својата моќ во Ирак и Сирија ќе стане првата вистинска терористичка држава на светот, а потоа сигурно ќе се обиде да дојде до хемиско, биолошко, па дури и нуклеарно оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.