| четврток, 6 декември 2018 |

Нема никакви инциденти во салата Јане Сандански

SC-Jane-Sandanski-5

Во скопски Аеродром е мирно. Иако излегоа информации дека навивачите на МЗТ ја демолирале новата сала во спортскиот центар Јане Сандански, се работи за дезинформации. Екипата на „Република“ е во „Јане Сандански“. Јавуваат дека таму е мирно, навивачите се повлечени, а разотидена е и полицијата.

-Салата се чисти, нема никакви инциденти. Нема повеќе ни полиција- јавува репортерот на „Република“.

И претставник на Специјалната единица која беше во салата потврдуваат дека нема никакви инциденти. Велат нивните припадници се раздужуваат со опрема, нема никакви проблеми.

Инаку, некои портали излегоа со информација дека навивачите на МЗТ лути што столчињата во салата се црвени, а не сини, ја демолирале салата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top