За симнувањето од власт на поранешниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ, Америка даде преку 25 милиони долари, додека заедно САД, Велика Британија и Германија издвоија преку 60 милиони долари. Во планот беа вклучени и специјалци на ЦИА, САС и многу други разузнавачи. Акцијата беше долго планирана, а во Брисел беше предлагано дури и убиство на претседателот на СРЈ.
Англискиот репортер и уредник за меѓународни односи на телевизиската станица „Скај њуз“, Тим Маршал тврди дека Америка дала огромни суми пари за рушење на Слободан Милошевиќ, па според неговите тврдења, само во 2000-та година во Србија влегле 25 милиони долари. Освен Маршал овие тврдења ги изнесува и американската агенција за меѓународен развој која на својот сајт објави дека во 2000-та година околу 25 милиони долари Америка уплатила за рушење на Милошевиќ, а неколку стотини илјади се дадени директно на „Отпор“. Маршал во својата книга „Игра на сенки-Петооктомвриската смена на власта во Србија“ пишува дека Америка, Британија и Германија потрошиле повеќе од 60 милиони долари на финансирање на српската опозиција и рушење на режимот на Милошевиќ.
-Настаните кои се одиграа на 5 октомври 2000-та година им претходеше голема подготовка. Никој од милионот луѓе кои тој ден беа во Белград не се разбуди туку така и дојде на идеја да замине во престолнината и да ја запали зградата на Парламентот. Во селска кафеана во Лакташи во Република Српска, на 4-ти октомври одржан е состанок на британските разузнавачи, службениците на ЦИА и претседателот на ВОЈ, а Британците како телохранители водеа и екипа специјалци на САС.
На тој последен состанок требаше да се донесат конечните одлуки за тоа што ќе се случува следниот ден. Луѓето од воената разузнавачка служба јасно рекоа: „Дури и ако Милошевиќ ја повика војската на улица, Врховната команда нема да послуша“, рече Тим Маршал во едно интервју.
Тој на прашањето од каде му е податокот дека за рушење на Милошевиќ се потрошени 60 милиони долари, одговори:
-Тоа не е никаква тајна, доволно е да ги видите документите на американскиот конгрес. Тоа е вкупната сум потрошена во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


