| четврток, 6 декември 2018 |

Кинезите со вештачка боја ги бојат тревниците (видео)

kinaГрадските власти на кинескиот град Ченгду одлучија пролетта да стигне побрзо во нивниот град. Со зелена боја го обоија тревниците. Иако надлежните тврдат дека зелената боја со која прскале е безопасна, жителите протестираат плашејќи се дека бојата е отровна. Истотака, тие истакнуваат дека боењето на тревниците и билките не може да биде безопасно затоа што боите се хемикалии.
Граѓаните духовито прашуваат: Дали и небото ќе го обоите во некоја друга нијанса на сина кога оваа ќе ви досади?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top