Не може да се продаде нешто што веќе е продадено од страна на Бранко Црвенковски во 1995 година. Ние во ЕУ, во НАТО и во Обединетите нации сме ФИРОМ затоа што Бранко донел таква одлука без да ги праша граѓаните за мислење. Ние сега се бориме да го вратиме името Македонија, изјави премиерот Груевски на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Кочани.
Според него, сега е друго време во кое Бранко не се снаоѓа и во кое секојдневно тоне со своите лаги и манипулации.
За кандидатот за градоначалник на општина Кочани, Ратко Димитровски, премиерот истакна дека во досегашниот четиригодишен мандат правел дела и конкретни проекти.
– Ратко ја оправда довербата што му ја дадовте и ги исполни речиси сите проектии затоа заслужува втор мандат. Имаме докажан човек – додаде Груевски.
Изградба и реконструкција на патишта, нов генерално-урбанистички план, нови училишни спортски сали, повеќенаменски игралишта, детски градинки, изградба на 42 социјани и 53 комерцијални станови, се само дел од проектите што се зацртани во програмата на Димитровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.