| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на Дениса потврди дека им бил побаран примерок за ДНК-анализа

Семејството на исчезнатата Дениса Маркоска потврди дека им бил побаран примерок за ДНК-анализа откако вчера беше објавено дека е пронајден труп во распаѓање во близина на островот Карпатос за кој постои сомневање дека е на Дениса, а обдукцијата е завршена и се чека примерок од ДНК од роднините за да се направи споредба.

deniza-markoska1-600x800

Во Грција веќе се шпекулира дека стнаува збор за 23-годишната Македонка, но за тоа нема официјална потврда од наделжаните органи. Грчките служби прават ДНК- анализа за да се утврди дали станува збор за Дениса, по што ќе биде известено македонското дипломатско претставништво во Атина.

Форензичарот Панајотис Котрецос кој ја правеше обдукцијата, за „Канал 5“ вели дека поради лошата состојба во која било телото не може да се утврди точната причина и времето кога настапила смртта, меѓутоа немало траги на насилство и веројатно станува збор за давење. Тој додава дека чекаат ДНК примерок од роднина на Дениса, за да може и официјално да се потврди или демантира дека пронајденото тело е на исчезнатата македонка. Најчесто анализите завршуваат за 2-3 дена од моментот кога ќе се добие примерокот од роднина.

Телото кое во саботата го пронајде крајбрежната служба на островот Карпатос, било без облека, а морето веднаш до трупот исфрлило и една обувка – објаснуваат за Канал 5 одговорните за истрагата. Велат дека во случај на давење и толку дена поминати во море логично е што телото било без облека. И оттаму ги потврдуваат сомневањата дека станува збор за Дениса Маркоска, а како еден пример ја посочуваат висината, 1.65 што одговара нависината на 23 годишната Македонка.

Дениса исчезна пред неколку недели од брод на кој работела во Грција, кој пловел меѓу Карпатос и Крит.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top