Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ изјави дека последно што ја изнервирало е новата тетоважа на нејзиниот син.
Фолкерката вели дека ја нервира тоа што нејзиниот син повторно седнал на столчето за тетовирање и додаде дека таа е голем противник на таквиот начин на украсување на телото.
– Ми се гади од тетоважите на син ми. Не ми се допаѓа што го украси телото со уште една тетоважа. Противник сум на тоа, но тој го сака и ги следи светските трендови.Да бидам искрена, не сакам ни да му ја видам тетоважата. Знам дека еден ден сигурно ќе се зажали поради тоа и ќе сака да ја отстрани – рекла Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.