
Министерството за економија се уште ги чека резултатите. Ако тие покажат дека загадувањето од овие возила е големо, најверојатно оние кои ги користат ќе мора да стават катализатор. Министерот Незири за АЛСАТ- М изјави дека трошокот за уредот е минимален.Иако во повеќе земји меѓу кои и Албанија, за постарите возила цената на регистрација е повисока, кај нас не се воведени вакви мерки, изјави Незири. Откaко во 2010 година се дозволи увоз на половни возила од странство, во земјава со еуро 2 стандард внесени се околу 180 илјади автомобили.
Пред извесно време владата одлучи да го стопира узвозот на половни возила со ниски еколошки стандарди. Автомобили со ЕУРО 2 еколошки стандради ќе можат да се внесат во зејава до крајот на годинава, а со ЕУРО 3 ќе се увезуваат најдоцна до крајот на јуни следната година. Од први јули 2015 ќе, можат да се носат возла од странство, само ако тие ја исполнуваат минималната норма ЕУРО 4 стандард на моторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


