| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Дурловски настапи на сцената на светската оперска куќа „Метрополитен“

ana durlovski

Ана Дурловски, македонската оперска примадона, вечерва настапи на сцената на најголемата оперска куќа во светот, операта „Метрополитен“ во Њујорк. Таа ќе настапи во улогата на Кралицата на ноќта во „Волшебната флејта“ – една од најпознатите опери на Волфганг Амадеус Моцарт, која веќе ја отпеа на повеќе оперски сцени, а со која дебитира во Државната опера во Виена. 

Ана Дурловски е првата македонска оперска перица што настапува во Метрополитен“, каде што пееле и славните Пласидо Доминго, Лучано Павароти, Сузана Филипс, Дмитри Хворостовски и уште многу други врвни оперски гласови.

Дурловски е во Њујорк од 13 септември и ќе пее и во следните претстави до 8 ноември.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top