| четврток, 6 декември 2018 |

Емирот од Катар купи шест грчки острови

g_grcki-ostrovi-1

Островот Оксија во архипелагот Ехинадес, како и уште пет други, ги купил еден од најбогатите луѓе во светот, катарскиот емир Шеик Хамад би Халиф ал Тани за 8,5 милиони евра.

Преговорите околу купувањето на островите траеле околу 18 месеци.

Градоначалникот на островите Итака, Јанис Касианос потврдил дека катарскиот емир за островот Оксија платил 4,9 милиони, а за останатите пет помали острови 3,5 милиони евра.

Касианос соопштил дека катарскиот емир ветил дека на Итака, која во овој момент се соочува со недостиг на вода, ќе донесе вода од градот Астакос како и дека во тек биле испитувања околу можностите за реализација на оваа идеја.

Емирот кој ветил изградба на нов водовод на Итака, веќе основал фонд за купување на целиот архипелаг во чиј состав се наоѓаат 18 ненаселени острови.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top