| четврток, 6 декември 2018 |

Французин ќе се жени со својата маќеа

прстен

 Посинок и неговата маќеа наскоро ќе станат маж и жена, откако неколку месеци минаа во судски спорови со цел да добијат одобрение за венчавка.

Елизабет Лорен (48) и три години помладиот Ерик Олдер живеат во едно мало село на североисток на Франција, а венчавката ќе се оддржи в сабота. Спорот настанал затоа што Елизабет претходно била во брак со таткото на Ерик, а француските закони не дозволуваат бракови меѓу маќеа и нејзините посиноци.

Тие барале дозвола во неколку судови, а минатата година добиле и писмо потпишано од претседателот Франсоа Оланд, во кое стои дека браковите како што е нивниот, всушност, се забранети.

Сепак, тие, конечно, добиле право да склучат брак од еден локален суд.

– Ова е голем ден. Се надевам дека нашата приказна ќе биде од полза на некои двојки, кои се наоѓаат во слична состојба како нашата, затоа што знам дека постојат такви – изјави Лорен додавајќи дека нејзиниот поранешен сопруг и татко на сегашен партнер ќе присутвува на нивната свадбена церемонија.

– Тој секогаш нè поддржуваше – истакна Лорен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top