| четврток, 6 декември 2018 |

Легендарниот Ромарио избран за сенатор во Бразил

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио е избран за сенатор во Бразил откако по вчерашното гласање во државата Рио де Жанеиро победи убедливо со над 63 отсто од гласовите.

RomarioCongress

Тој е избран како кандидат на Бразилската социјалистичка партија, кон која се приклучи во 2009 година, кога таа имаше сериозни финансиски и судски проблеми. Една година подоцна Ромарио веќе беше избран за член на Долниот Дом на Федералниот парламент.

Познат по својата тврдоглавост, скромност на фудбалскиот терен и бурниот ноќен живот, Ромарио со многу труд го изгради својот имиџ како пратеник. Интересно е што тој беше жесток противник на организирањето на годинешното Светско фудбалско првенство во неговата земја.

Фудбалската легенда ги осудуваше корупцијата и огромните државни трошоци кои беа дел од подготовките на мундијалот, наместо тие пари да се искористат за здравство, образование и инфраструктура.

Меѓу најголемите непријатели на Ромарио е уште еден легендарен бразилски фудбалер и негов поранешен соиграч во репрезентацијата, Роналдо, кој се вклучи во предизборната кампања на претседателскиот кандидат на социјалдемократите Аесио Невиш.

Во вториот круг од претседателските избори во Бразил, кој ќе се одржи на 26 октомври, ќе се борат Невиш и актуелниот шеф на државата Дилма Русеф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top