| четврток, 6 декември 2018 |

Студентите на УКИМ не пријавуваат корупција, бидејќи не веруваат дека ќе сменат нешто

studenti[18]

Најголем дел од студентите на УКИМ не пријавуваат корупција бидејќи сметаат дека со тоа нема да променат ништо, покажале резултатите од Регионалното истражување на темата: перцепција за корупција во Високото образование кое беше спроведено од страна на Младински образовен форум во Македонија.

Ова истражување е спроведено во рамките на Анти корупциската студентска мрежа во Југоисточна Европа (АЦСН – СЕЕ) и ги истражува перцепциите за корупција во најголемите високообразовни установи во Македонија, Србија, Хрватска, Молдавија и Бугарија. Најголемиот број испитани студенти од УКИМ (19% од испитаниците) одговориле дека: најголем проблем на нивниот универзитет е недоволната инволвираност на студентите во процесот на носење одлуки”, велат во МОФ.

На прашања во врска со непотизам студентите одговориле дека најмалку 22% од нив биле директно изложени на 4 форми на непотизам, додека изложеноста на поединечните форми на непотизам е поголема и достигнува 30%. Речиси 70% од анкетираните одговориле дека не би пријавиле ако знаат дека некој од колегите бил примен на факултет со познанства. Околу 25 отсто одговориле дека би пријавиле, но само доколку е анонимно, а само 4 отсто би пријавиле доколку се бара да се открие и нивниот идентитет.На прашање колку од студентите имаат директно искуство со поткуп 39% изјавиле дека имале директно искуство кога студентот купува книга од професорот со цел да добие поголема оценка. За компарација од испитаните студенти во Загреб само 9.9% имале вакво искуство. Потоа, студентите одговарале и на прашања за нивната подготвеност да пријават професор што примил поткуп. Вкупно 66% одговориле дека би пријавиле, но само под услов пријавувањето да е анонимно, 26.8% би пријавиле доколку се бара откривање на нивниот идентитет.

Ситуацијата во сите држави што се дел од ова истражување е слична, со над 60% од испитаниците што би го пријавиле професорот само под услов пријавувањето да е анонимно.

Зошто студентите не пријавуваат корупција?

Најчест одговор кај студентите е дека не веруваат дека би промениле нешто со 28% од вкупните испитаници, додека 21% се плашат од одмазда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top