Гугл е една од најбогатите, најмоќните и највлијателните компании во светот. Како и секоја успешка компанија и оваа има некои интересни податоци кои ги знаат мал број на луѓе.
Во своето седиште, компанијата има скелет на вистински диносаурус кој го нарекле Стен. Неговите коски се пронајдени покрај самата зграда на Гугл.
Гугл во Г-мејл го додал јазикот на индијанското племе Чироки.
Гугл страницата се вчитува побрзо од било која друга. Токму поради таа причина голем број луѓе ја користат за да ја тестираат својата интернет конекција.
Во една секунда Гугл извршува повеќе од 2 милиони преварувања.
Годишно на Јутјуб, кој е во сопственост на Гугл, се прегледуваат повеќе од шест милијарди часа видео материјал. Во просек по еден час на секој жител на Земјата.
Опцијата „I’m feeling lucky“ компанијата ја чини 110 милиони долари годишно.
Гугл во своја сопственост има домени кои при грешки во куцањето може да се помешаат со неговиот, меѓу кои се gooogle.com, gogle.com и googlr.com. Тие го поседуваат дури и 466453.com кој всушност претставува броеви кои се користат на мобилниот телефон за куцање на неговото име.
Минатата година Гугл заработил 55,5 милијарди долари од рекламирање, што е околу 90 отсто од вкупниот промет на компанијата.
Гугл понекогаш користи кози за да по природен пат ја искосат тревата околу својата зграда.
Еднаш ќерка на еден од вработените до компанијата испратила писмо за да побара нејзиниот татко да биде слободен за неговиот роденден. Компанијата му дала цела недела слободна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.