Секоја сабота во центарот на Киев, во подземната железница кај театарската станица, пензионери се собираат да се видат со старите пријатели и малку да поиграат. Фотографот на Ројтерс, кој го снимил танцот на пензионерите вели дека првпат со подземна дискотека се сретнал пред 20 години. Но тогаш воопшто не посветил внимание на тоа.
Сега се вратил со апарат за да ја оковечи приказната на пензионерите. Еден пар му западнал во очи. Николај Милевски (75) и Наталија Стољариќ (58) се запознале на собиранките во подземната железница и веќе четири години живеат заедно. Во подземната дискотека се споиле уште дваесетина парови.
И покрај годините кои ги имаат и Николај и Наталија се уште работат, затоа што заедничкиот приход од пензија им изнесува околу 380 евра.
– Јасно е зошто одат на ова собирање. Тоа е најлесниот начин да го поминат слободното време и да се дружат со луѓе – пишува репортерот на својот блог.
Овие собирања ги враќаат во младоста. Барем на неколку часа тие се во годините на нивната младост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка