| четврток, 6 декември 2018 |

Плажа на Хаваите би можела да се вика Барак Обама

Двајца општински советници од Хонолулу, на Хавајските острови, Станли Чанг и Ернест Мартин, поднесоа до општинскиот совет предлог за преименување на една популарна плажа за сурфери по името на американскиот претседател Барак Обама.

Плажата „Санди“, која се наоѓа на источниот дел на островот Оаху, кој е дел од Хавајските острови, еден период му била најпосакуваното место за сурфање на Обама.

Доколку советот ја поддржи идејата на двајцата советници, тоа ќе биде првото место кое ќе го носи името на актуелниот претседател на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top