| четврток, 6 декември 2018 |

Местото на живеење влијае на крвниот притисок

Живеењето во близина на многу фрекфентна улица е поврзано со поголем ризик за зголемен крвен притисок, покажува истражувањето спроведено врз 5.400 испитаници.

Американски научници пресметале дека учесниците во истражувањето кои живееле на 100 метри оддалеченост од улица со густ сообраќај имале просечно 22 отсто поголем ризик за висок крвен притисок.

Ваквите резултати можат да се објаснат со последиците од изложеноста на издувните гасови од автомобилите и вревата предизвикана од густиот сообраќај.

Некои претходни студии веќе ја поврзале изложеноста на загадувањето од сообраќајот со зголемениот ризик за срцеви болести.

Исто така, изложеноста на постојана врева е познат фактор за ризик од зголемен крвен притисок, кој е еден од главните причинители за инфаркт, шлог, срцеви и бубрежни нарушувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top