Утрово се возеше нова трка во рамките на Формула 1 шампионатот за големата награда на Јапонија на легендарната патека Сузука. Како и што се најавуваше претходните денови, трката се возеше по многу тешки услови и обилен дожд.
Победникот паѓа во сенка на инцидентот што се случи во 44 круг кога Жил Бјанки излета од патеката и се здоби со тешки повреди по што мораше да хитно да биде пренесен во болница. Тој директно удри во багер кој се наоѓаше во тој момент покрај патеката за да го извлече болидот на Андријан Зутил кој само неколку круга претходно излета на
истата кривина.
Трката продолжи со безбедносно возило кое по три круга ги предводеше сите болиди во пит-стоп. Во тој момент Луис Хамилтон беше на чело на колоната пред неговиот клупски колега Нико Розберг и актуелниот шампион Себастијан Фетел.
Поради обилните дождови хеликпотерот кој требаше да го пренесе Бјанки до најблиската болница неможел да слета, па тој со возило на брза помош хитно бил пренесен до лекарскиот тим кој бил подготвен да го пречека французинот.
Хамилтон победи трет пат во низа и освои нови 25 бодови и сега во генералниот пласман води со 10 бода повеќе од Нико Розберг на четири трки до крајот.
Следната трка се вози во Сочи за една недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




