
Претседателот на Украина Петро Порошенко предложи да се воведе англиски, наместо руски јазик, кој досега се учи во училиштата во Украина.
– Англиски треба да биде втор јазик кој ќе се учи во училиштата, бидејќи постои врска меѓу животниот стандард и нивото на владеење на ангислиот јазик кај населението на една земја – изјави Порошенко, кој е поранешен деловен човек со диплома од меѓународно стопанско право и одлично го владее англискиот јазик.
Како пример тој го наведе Сингапур, каде што владата во педесетите години на минатот век одредила англискиот јазик да биде втор службен јазик.
– Мора да зборуваме за статусот на англискиот, а не на рускиот јазик – нагласи тој.
Единствен службен јазик во Украина од независноста во 1991 година е украински, но во многу семејства се говори руски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


