
Денеска во просториите на ДОМ на АРМ, УМС на ВМРО-ДПМНЕ свечено го затвори првиот дел од обуката за претприемништво. На обуките младите се запознаваа со вештините за претприемништво, бизнис комуникација како и основањето на сопствен бизнис.
– Денеска завршува обуката за претприемништво организирана од УМС на ВМРО-ДПМНЕ. На оваа обука во изминатиот месец имаше околу 20-на предавачи кои што го пренесуваа своето животно искуство. На сите учесници им дадоа совети за тоа како да успеат во приватниот живот но и со бизнисот кој што сакаат да го отворат, изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.
Со завршување на обуката, како што истакна Нелоски не се завршува целиот процес, туку на почетокот на ноември ќе се реализира вториот дел од обуката.
Во вториот дел ќе учествуваат останатите 150 пријавени учесници и најави дека и во наредната година ќе продолжат да организираат едномесечни обуки од најразлични области.
Многу успешни бизнисмени и млади претприемачи ги споделија своите искуства и верувам дека во иднина ќе ни бидат многу корисни. Често размислувам за основање на сопствен бизнис, а оваа обука која траеше еден месец ми помогна да ги искристализирам моите идеи. Целосно ја проучив поддршката која ни ја дава Владата, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Македонија, истакна Марко Андевски, еден од учесниците на обуката.
Пред се’ им се заблагодарувам на УМС на ВМРО-ДПМНЕ што ја организираа оваа обука, особено за тоа што донесоа врвни млади претприемчи, научници, професори и луѓе кои што успеале во животот и кои што ни пренесоа едно големо искуство и не мотивираа да продолжиме понатаму во животот. Да не се плашиме да станеме успешни млади претприемчи и да вложуваме во себе си, изјави Ана Ризоска, учесник на обуките.
Учесниците ја поздравија и поддржаа иницијативата и заклучија дека треба се’ почесто да се организираат вакви обуки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УМС е движечка сила и столб на ВМРО-ДПМНЕ и секогаш сме на браникот на државните интереси (Видео)
-
УМС на ВМРО-ДПМНЕ:Сорос влезе во Владата на Заев и СДС и докажа дека битката никогаш не била за слобода
-
Младите стојат зад ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе го дадат крајниот суд на 11-ти декември (Фото)
-
Младите на ВМРО-ДПМНЕ ја почнаа акцијата „Месец на крводарителството“


