| четврток, 6 декември 2018 |

Баба од пеколот

baba

Женева Робинсон (49) од Оклахома, САД е обвинета дека ја врзувала својата внука во гаража, ја камшикувала, потоа ѝ се заканувала на различни начини облечена како вештерка.

Таа била уапсена откако ја довела својата внука во болница тврдејќи дека повеќе не може да ја контролира. Лекарите лесно ги забележале трагите на злоставување. Поразговарале со девојчето кое им признало дека нејзината баба често ставала зелена маска на главата.

Ја затворала во гаража и со нож се заканувала дека ќе ги повика чудовиштата од поткровјето да дојдат по неа. Меѓутоа, соседите не веруваат во таа приказна и велат дека Робинсон била добра кон четирите деца кои ги чувала.

“Да не е тажно, ќе беше смешно. Не верувам во таа приказна. Таа е многу добра личност и се грижи за тие деца”, рекол еден од соседите.
Сепак, полицијата пронашла докази кои ја потврдуваат приказната на 7-годишното девојче. На нејзиното тело имало модринки, изгореници и исекотини, како и рани околу зглобовите. Детето било потхрането, а во куќата бил пронајден костим од вештерка и камшик.

“Доказите велат дека детето ја кажува вистината. Пронајдовме камшици, ланци и шешир од вештерка. Страшна ситуација за мало дете”, рекол наредникот Гери Најт од полициската станица во Оклахома.

Сите четири деца биле одведени во дом за незгрижени деца, а Робинсон била уапсена во вторникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top