| четврток, 6 декември 2018 |

Доктор Мирјана Кочовска: Новиот инсулин не им штети на децата

Insulin-Dose

Докторка Мирјана Кочовска од Клиниката за детски болести вели дека нема никаков проблем во менувањето на инсулинот, објави „Канал 5“.

-Нема нов инсулин, сите инсулини во Македонија во последниве години се присутни и тоа се квалитетни инсулини. Нема лош инсулин затоа што инсулинот е еден од оние лекови кој бара долгогодишно следење за воопшто да се пушти во промет, вели доктор Кочовска.

Таа додава дека токму поради ова  нема потреба родителите да паничат дека тоа ќе им штети на децата.

Докторката појасни дека и досега доколку на некое дете не му одговара типот го менувале инсулинот и тоа воопшто не е никаков проблем.  За децата под 5 годишна возраст инсулинот ќе го даваат преку пумпи.

Вкупната бројка на деца до 18 години кои примаат инсулин изнесува меѓу 350 и 500, а најчестата причина за појава на дијабет е од автоиумина природа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top