| четврток, 6 декември 2018 |

Деветгодишно девојче на работ на самоубиство поради „Фејсбук“

Сторија која што ја потресе Србија

facebook

-Не сакаше да оди на училиште, ниту да јаде, спие. Плачеше по цел ден. По пет дена ми кажа дека училишните пријатели и оставаат пораки на „Фејсбук“, во кои пишуваат „Дебела не заслужуваш да живееш“, „Свињо ќе те утепаме“, „Подобро не доаѓај на училиште крмачо“, изјави мајката на деветгодишно девојчето, жртва на насилство преку интернет.

Мајката веднаш ја испишала својата ќерка од белградското училиште и случајот го пријавила во полиција, но до денес не добила одговор.

-Ќерка ми во еден момент ми рече дека ќе се убие, бидејќи не може вака да живее. Полицијата не направи ништо за да открие кој и ги праќа пораките, ниту од кој сервер пристигнуваат заканите – изјави мајката.

Овој вид на насилство се повеќе е популарен кај тинејџерите. Пријавите во полицијата најчесто завршуваат со констатација дека тоа се детски шеги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top