| четврток, 6 декември 2018 |

Десетта „Бела ноќ“ утре во Скопје: главен настан-настапот на „Перпетум џезиле“ на Плоштад Пела

Пред нас е јубилејното десетто издание на манифестацијата „Бела ноќ“. Утре ќе можете да ги изберете вашите фаворити и да уживате во некој од понудените настани. Влезот за сите настани е бесплатен!
Главен настан е настапот на „Перпетум џезиле“ од Словенија, кои ќе настапат на Плоштад Пелa – Порта Македонија, со почеток во 21 часот.
Национална галерија – Даут Пашин Амам
ЕДЕН ВЕК (РЕТРОСПЕКТИВА) од раѓањето на големиот Василие Поповиќ – Цицо, основоположникот на македонската сценографија, карикатурист, сликар…
Културно информативен центар – изложбен салон Империјал 1
НАДРЕАЛИЗАМ – Спасе Куновски, Благоја Николовски и Кирил Ефремов
Почетоците на надреализмот во македонското сликарство се кон крајот на петтата и почетокот на шестата деценија од минатиот век, период на авангардната мисла, на самодоверба и ентузијазам, период на промена и осовременување на содржините и ликовно естетските структури на нашата уметност. Во делата на Куновски, Ефремов и Николовски есецијалната компонента е сопствената надреалистичка визија, притоа истражувајќи ја другата страна на реалноста, преку претстави на играта на сонот и јавето, детски импресии, страдања на индивидуите и нивната отуѓеност.
Младински културен центар – Галерија МКЦ
БЕЛО ЗА БЕЛА НОЌ – Инсталација, Атанас Атанасов
Атанас Атанасов е автор со посебна креативност и дух. Тој во просторот на галеријата на МКЦ поставува елементи и концептуализира во просторот на инсталацијата. Интимизмот на доживување, концетрираната духовна енергија и содржината на творбата е израз на неговата поврзаност со просторот.
Дом на културата „ Кочо Рацин„ – Голем салон“
ПАТИШТА (на Балканот) – Изложба на Балканската група „Турборенесанса“.
Дела работени во техниката колаж. Секој од уметниците со својот посебен пристап и гледање дава различен и богат спектар на уметнички креации.
Ацо Таневски, Скопје, Македонија
Ива Јиосифова, Скопје, Македонија
Горан Џорев, Демир Капија, Македонија
Глигор Васков, Скопје, Македонија
Снежана Манасиќ, Панчево, Србија
Бранислав Ѓорѓевиќ, Заечар, Србија
Јадранка Димитријевиќ, Сремска Митровица, Србија
Зоран Ѓорѓевиќ, Крагуевац, Србија
Румен Дешев, Благоевград, Бугарија
Ана Јакиќ Дивковиќ, Загреб, Хрватска
Ајла Даздаревиќ, Нови Пазар, Србија
Матјаж Ребец, Љубљана, Словениј
Галина Малахова, Постојна ,Словенија
Музеј на град Скопје
СРЕДНОВЕКОВЕН ФРЕСКО-ЖИВОПИС
Во периодот од 1949 – 1983 година при реализирањето на конзерваторските зафати на фреско-живописот во црквите, “Св. Пантелејмон”, с. Нерези; “Св. Богородица”, с. Сушица; “Св. Никита”, с. Бањани; “Воведение Богородичино (Св. Спас)”, с. Кучевиште; “Св. Никола”, с. Љуботен; “Св. Димитриј” (Марков манастир) и “Св.Андреа”, р. Треска, голем дел од композициите, одредени фрагменти и претстави на светители, се пренесени на платно, сликани со темперни бои. Со својот труд, македонските академски сликари-кописти се изедначуваат со средновековните мајстори на ремек делата во Византискиот фреско живопис. Автентично пренесувајќи го на платно од физичките објекти во Музејскиот простор, фреско-живописот во верните копии добива една нова димензија – музеолошка.
Музеј на современата уметност
СОЛИДАРНОСТА – НЕДОВРШЕН ПРОЕКТ?
Постојана поставка
Галерија 3М
ИЗБОРОТ НА ГАЛЕРИЈА ЗМ
Чаша вино и дружење со уметноста на најпознатите македонски сликари: Горјан Ѓорѓиев, Касиопеја Наумовска, Мирослав Масин, Димитар Манев, Симонида Филипова – Китановска, Илија Спасовски Чендо, Данчо Ордев, Олга Кулишев – Клеер.
Галерија Арте
БОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Селекција на најатрактивните автори застапени во галеријата Арте.
Галерија Грал
ВО СРЦЕТО НА БАЛКАНОТ – РАКАТА ГЛЕДА
Излoжба на Глигор Чемерски по повод неговото прогласување за почесен член на Руската Академија на Уметности.
Галерија 8
ГРУПНА ИЗЛОЖБА
Кристина Зимбакова
УДАВЕНА ОД ВРЕМЕТО. Комбинирана техника на платно (акрил, влакна од коноп, восок, јута, лишаи Pseudoevernia sp., Lobaria pulmonaria, Graphis scripta). 80 x 45 cm. 2013 год.
Наташа Петковска
MOON EFFECT. Техника акрил на платно, димензии 50 х 70см.
Симона Манчева
УЛОГИ
Личниот идентитет е нашата слика за самите себе, и следствено онаа слика која ја презентираме за себе пред другите луѓе.Чувството на различност во улогите го чувствуваме и самите ние со припремата, облекувањето и психичките подготовки за одредена улога. Општественатe улоги се дејствувања и однесувања што се одвиваат на очекуван начин според однапред усвоени културени обрасци.
Александар Ефтимовски
LE QUATRO
Оваа скулптура направена од Бел Карара мермер ви претставува како со мали интервенции на форма и текстура е постигнат ефект на движење и динамика иако делото мирува. Именувана е “Четирите” бидејки е составена од четири плоснати форми кои имаат различна длабочина со цел да ја створат таа игра на сенки која е една од главните карактеристики на скулптурата.
Mona Haji Agha Bozorgi, Иран
I AM GLAD I HAVE MANY CHOICES
Во Иран, поради многуте правила и регулативи, жителите мора да се преправаат дека се сосема различни во јавност, додека на дневна основа се соочуваат со бројни општествени пречки. Луѓето овде мора да се облекуваат, однесуваат и бидат сосема нешто спротивно од тоа што се, или од она во што веруваат.
Melita Matovic Fligler, Хрватска
FOUR FEMALE ARCHETYPES”
Жената, како инспирација и главен карактер во овој проект е основа за откривање на темите наречени личност, идентитет, улоги, пол и сексуални разлики. Покрај истото, во овој проект жената е портретирана како четирите архетипи на Јунг во современиот културен и општествен контекст која резултира со серија на фотографии.

– Propo’88 & BlabberMouf (Хол), Bvana (Срб), Дивизија, Џака Накот (DJ set) / Градски парк – Школка Почеток: 21:30

– Тони Китановски Big band, Muhamed Ibrahimi, The Jazzobell Quintet, Иван Иванов, Sofia Jazz Formation (БГ) / Карпошово Востание Почеток: 20:00

– Proces (Срб), Selector Lazy Face (БГ), DJ Rek (ГР), Geto Rudi, Charlie, Jam Sistazz Сцена / Градска Плажа (Кастро) Почеток: 18:00

– Женски Младински Хор, Про Арс – диригент Сашо Татарчевски / Сцена Спомен Куќа на Мајка Тереза Почеток 20:00

– Steel Temlple, Chromatic Point, Serpentine Fire / Летен клуб Хавана Почеток 21:00

– DJ Lale (Срб), Мирко Попов, / Менада / 22:00

– Artan Lili (Срб), Silly Boy (ГР), Foolish Green, Green Fuzz / Плато МКЦ Почеток 22:00

– Ревија на детски песни од фестивалите Златно Славејче, Поточиња и Виножито / Универзална Сала Почеток 18:00

– RE:Volt #4: Ум Заум #2 / Плато пред Чифте Амам: Почеток 23:00
Режија: Стефан Сидовски Музичка подолога: Александар Пејовски

– ПОЕТСКО – МУЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС / Парк на литературата (Градска библиотека Браќа Миладиновци) 20:00

– ACCIDENT OF EMOTIONS, инсталација во простор Luan Bajraktari (КС) / Улица Македонија 20:00

– A SPECIAL PLACE IN THE CITY / SECRET HEART, инсталација во простор Kolektiva (Сло)* / Улица Македонија 20:00

– „… boje su u nama ….“ инсталација во простор”…spaCe ..„…проСтор…”spokenword просторна скулптура “sub Motion „ перформанс I.J.PINO & CO, (Хрв)* / плато Дом на АРМ 21:00

– SТАТЕ, видео инсталација Ksenija Jurisic (Хрв) / Галерија 8 20:00

– NEPTUNIZAM, видео инсталација Luana Lojic (Хрв) / Галерија 8 20:00

– CONSTRUCTION IN KNEADING, аудио-видео инсталација, Ryo Ikeshiro (Анг)* / Џебно Кино 21:00

– СТРИП ЦЕНТАР ВЕЛЕС, Стрип работилница / Горно Фоаје на Кино Фросина 19:00

– ИМА МНОГУ РИБИ ВО ОКЕАНОТ, НО ЈАС САКАМ САМО ЕДНА, инсталација, Блашка Ми Ева / МКЦ 20:00

– СКОПСКА НОЌ, инсталација, Петра Јовановска / МКЦ 20:00

– СИТЕ ЗАЕДНО, здружение СОЛЕМ / Универзална сала 18:00

– ПРОМОЦИЈА НА АНТОЛОГИЈА НА ЉУБОВНА ПОЕЗИЈА / Мост Око 20:30

– SOUL EXTRUDER, Lazy Kidz vizuals, видео инсталација / Плато пред Дом на АРМ 21:00

– БЕЛА НОЌ, Мелеем – инсталација / Градски парк (во близина на Школка) 20:00

– 24 часовен бесплатен Филмски маратон / Кино Милениум 11:00

– Попладневно матине во Зоолошка градина

*Бесплатен транспорт со линиите 8 и 15А на ЈСП од 12:00 до 16:00
*Бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП од 19:00, на сите линии кон центарот на Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top