| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец, Атман и Станиќ не отпатуваа за Белорусија

Најдобрите играчи на македонскиот ракометен шампион РК Металург, Ренато Вугринец, Павел Атман и Дарко Станиќ, не отпатуваа со своите клупски колеги на гостувањето во Брест против Мешков во рамките од второто коло од Лигата на шампионите.
По најавите на некои играчи дека треба сериозно да се разгледа ситуацијата во клубот по поразот од ПСЖ на домашен терен во првото коло, се огласи и управата дека разликите се испеглани и дека средствата кои им ги должат на играчите ќе бидат исплатени до денеска. Сепак, овие тројца играчи нема да настапат во Брест.

vugrinec-mji-141_resize
По вчерашниот последен тренинг пред патувањето во Белорусија, управата на клубот соопшти кои играчи ќе патуваат, а на тој список ги немаше Станиќ и Атман.
Вугринец, кој немаше право на настап во првото коло поради суспензијата од еден натпревар, се пожалил на повреда на дланката и дополнително е изоставен од составот.
Играчите кои отпатуваа на овој натпревар најавија безпоштедна битка во текот на сите 60 минути и се надеваат на успех и запишување на првите бодови во групата во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top