| четврток, 6 декември 2018 |

Турски компании заинтересирани да инвестираат во Македонија

turcija1

Ова го најавија пrетставниците на турските компании на средби што министерот за странски инвестиции Џери Наумоф ги имаше за време на посетата на турските градови Измир, Ајдин и Маниса, пренесува МИА.

Меѓу компаниите со кои оствари средби се и Менсан, АК Пастик, Пролине  и Сер Јаг, кои веќе ги имаат објавено одлуките да инвестираат во Македонија.

Министерот Наумоф ја презентираше македонската конкурентна бизнис клима на големи групи сопственици на бизниси во најголемата индустриска зона во Турција, Мустафа Кемал Ататурк, како и пред претставници на Стопанската комора Ајдин  и Комората на индустријалци во Ајдин.

Посета на Македонија најавија и компаниите во индустриската зона, градоначалникот  на општина Ефелер, како и двете комори за трговија и индустрија во Ајдин.

Министерот Наумоф потврди дека и во иднина  ќе ги проширува своите активности во Турција со цел обезбедување нови странски инвестиции во Република Македонија.

За време на престојот во Турција министерот Наумоф се сретна и со претставници на македонската дијаспора од егејскиот регион на Турција, кои ги поддржуваат напорите на министерот и Владата за привлекување на инвестиции во Македонија и  кои понудија да бидат мост меѓу двете земји не само на полето на економијата, туку и во културата, образованието и сл.

Дијаспората изрази благодарност до претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски, за неговата посветеност во развивање на односите со  Турција како и неговите блиски односи со македонската дијаспора во Турција, соопшто кабинетот на министерот Џери Наумоф.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top