| четврток, 6 декември 2018 |

Топењето на мразот во Антарктикот ја слабее гравитацијата

Во последните неколку години на Антарктикот се загуби толку многу мраз, што се промени силата на гравитација, предупредуваат стручњаците на Европската вселенска агенција (ЕВА).

Гравитацијата варира во зависност од локацијата, обемот и густината на карпите мраз, а ова откритие укажува на тоа дека во краток временски период во Антарктикот се стопиле неколку милијарди тони мраз.

– Топењето на мразот на Антарктикот во периодот 2009-2012 година резултираше со намалување на тежината на површина – објави на својата веб-страница ЕВА. Прецизните мерења на гравитацијата во различни делови на земјата ги објави сателитот „Gravity Field“ и „Steady-State Ocean Circulation Explorer GOCE“, кој во ноември 2013 година ја заврши четиригодишната мисија затоа што остана без гориво и изгоре во атмосферата.

Претходно оваа година, група научници соопштија дека почна незапирливо топење на глечерите на Антарктикот и се проценува дека глобалното ниво на морето во текот на следните неколку векови може да се зголеми неколку метри.

Според сегашните процени, нивото на морето и океаните во светот до крајот на овој век би можело да порасне на околу 1,3 метар, главно поради топењето на мразот на Антарктикот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top