Во последните неколку години на Антарктикот се загуби толку многу мраз, што се промени силата на гравитација, предупредуваат стручњаците на Европската вселенска агенција (ЕВА).
Гравитацијата варира во зависност од локацијата, обемот и густината на карпите мраз, а ова откритие укажува на тоа дека во краток временски период во Антарктикот се стопиле неколку милијарди тони мраз.
– Топењето на мразот на Антарктикот во периодот 2009-2012 година резултираше со намалување на тежината на површина – објави на својата веб-страница ЕВА. Прецизните мерења на гравитацијата во различни делови на земјата ги објави сателитот „Gravity Field“ и „Steady-State Ocean Circulation Explorer GOCE“, кој во ноември 2013 година ја заврши четиригодишната мисија затоа што остана без гориво и изгоре во атмосферата.
Претходно оваа година, група научници соопштија дека почна незапирливо топење на глечерите на Антарктикот и се проценува дека глобалното ниво на морето во текот на следните неколку векови може да се зголеми неколку метри.
Според сегашните процени, нивото на морето и океаните во светот до крајот на овој век би можело да порасне на околу 1,3 метар, главно поради топењето на мразот на Антарктикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


