| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хрватска се бараат работници кои сакаат да спијат

Компанија од Хрватска објави оглас за работа каде се бараат лица кои ќе учествуваат во тестирање на душеци.

spienje

Тестирањето ќе се прави, секако,  со лежење на душеци, па двајца среќници кои ќе ги задоволат барања на конкурсот ќе заработат – спиење и лежење.

Фирмата засега бара едно машко и едно женско лице, а кандидатите мораат да имаат Фејсбук профил, да бидат отворени за предизвици и флексибилни во поглед на неформалното работно опкружување.

Не е се уште познато колкава заработувачката е предвидена за оваа „работа од соништата“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top