Ако во Грузија биде отворен камп за обука на сириските бунтовници, тоа негативно ќе влијае врз безбедноста на регионот и врз руско-грузиските односи, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Соопштението на министерството е издадено по повод медиумските шпекулации за евентуално отворање на американски камп за обука на сириските бунтовници во Грузија.
– Ваква одлука на Тбилиси, доколку е донесена, ќе нанесе огромна штета врз стабилноста и безбедноста во Јужен Кавказ, во близина на границата со Русија. Внимателно ќе ја следиме ситуацијата, наведува руското МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


