| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ја предупреди Грузија да не отвора камп за обука на сириските бунтовници

Ако во Грузија биде отворен камп за обука на сириските бунтовници, тоа негативно ќе влијае врз безбедноста на регионот и врз руско-грузиските односи, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Соопштението на министерството е издадено по повод медиумските шпекулации за евентуално отворање на американски камп за обука на сириските бунтовници во Грузија.

– Ваква одлука на Тбилиси, доколку е донесена, ќе нанесе огромна штета врз стабилноста и безбедноста во Јужен Кавказ, во близина на границата со Русија. Внимателно ќе ја следиме ситуацијата, наведува руското МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top