| четврток, 6 декември 2018 |

Стејт департментот побарал од Грција да апси исламисти

Al Quds brigades pose in Gaza

Портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, ги потврди новинарските извештаи дека Вашингтон побарал од грчката влада да апсат муџахедини кои од Албанија и Босна и Херцеговина, преку Грција, патуваат кон Сирија и кон Ирак.

Американските власти се загрижени дека Грција може да стане главен канал за префрлување борци на групата Исламска држава (ИД) од западните земји.

– Ние, секако, ја изразивме нашата загриженост за фреквенцијата на странски борци во Сирија и Ирак и надвор од нивво многу јасни услови. Ова не е прашање што се однесува само на Грција. Од 15.000 странски борци, веруваме дека најмалку 2.000 од нив се од Запад, изјави Псаки на брифинг во Вашингтон.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчката разузнавачка служба, наводно, ги засилила напорите за лоцирање и следење осомничени милитанти кои пристигнуваат во земјата. Се смета дека западните поддржувачи на ИД можеби патуваат низ Грција во обид да стигнат на Блискиот Исток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top